Во деновите по враќање од болница после пораѓањето често куќата ќе биде преполна со луѓе и сите ќе мислат дека ви помагаат. Но, всушност се ќе изгледа целосно спротивно.
Еве кои личности најчесто ќе ве нервираат:
Помагачи кои не помагаат
Се сеќавате кога пред крај на бременоста сите почнаа да говорат за тоа како ќе ви помагаат кога на свет ќе дојде бебето? Всушност само ќе престојуваат во вашиот дом и ќе го будат бебето бидејќи е слатко, додека вистинските работи сепак ќе ви останат вам. Кога бебето ќе почне да плаче, за момент повторно ќе се најде во вашата прегратка, пренесува Индекс.
Посетители кои дошле да се одморат кај вас
Ќе има и многу од оние кои ќе ви дојдат во посета и ќе очекуваат да им готвите и да се дружите со нив, како бебето да не е тука. А кога бебето заспие, тие очекуваат дружење и добра забава, не сметајќи дека вие тогаш спиете стоејќи.
Посетители кои доцнат
Кога гостите се најават во одредено време, тогаш и ќе ги очекувате. Ако успеете тогаш да го успиете бебето и да ги уредите последните ситници по домот, ќе мислите дека одлично сте се организирале. Најчесто залудно бидејќи гостите ќе се појават токму кога бебето ќе се разбуди и треба да јаде и да се преслече. Освен тоа, исчекувањето ќе оневозможи малку да легнете и да се одморите.
Личности кои пишуваат лаги и претеруваат по форуми
После неколку часа спиење во целата недела кога легнете во кревет веројатно ќе имате доволно сила да прогуглате кои симптоми што значат и тогаш сигурно ќе наидете барем на еден коментар кој ќе ве престраши и запраша дали треба веднаш да одите на итна или се е во најдобар ред.
Безобразни луѓе кои доаѓаат во посета болни
Некои гости ќе се појават на врата болни, настинати и кашлајки како тоа да е сосема нормална работа. Секоја мајка ова ја разлутува, бидејќи ако не успее да ве зарази вас, малото чувствително бебе сигурно ќе го разболи.
Жени кои мислат дека се правите погрешно
Подгответе се и на жени кои родиле (дури и ако не се) и сметаат дека само нивниот начин на одгледување, хранење и превивање е добар. Обидете се да останете прибрани и успешно игнорирајте ги.
Маж кој спие цврсто
Во текот на првите недели обично мајките се тие кои ден и ноќ дежураат со бебето, што покрај доењето некако е и логично, па нема смисла да го будите тато кој рано станува за работа. Но понекогаш ќе бидете прилично фрустрирани кога ја преспие цела ноќ во која вие не склопивте око ни за момент.
Поштар кој секогаш ѕвони двапати
Сосетката која сака да ви постави некое сосема бесмислено прашање или поштар кој секогаш ќе седне на ѕвончето откако бебето ќе заспие. И така ви донесе ден со раздразливо дете кое повеќе не може да спие.