,

Мила Кунис – „Опасната“ мајка

Добивај вести на Viber

Завчера во Лос Анџелес е одржана премиера на филмот „Опасни мајки 2“, а сите погледи беа вперени кон Мила Кунис. Убавата актерка ретко се појавува на јавни настани, но кога се појави – не може да помине незабележана. Тесен црн фустан со огромен шлиц и светликави детали на рамениците, со лакирани салонки на Кристијан Лобутин беа целосен погодок. На сексапилот  придонела и „строгата“ фризура со длабок раздел во косата, а од накит тука беа само дијамантски обетки. Мила беше едноставно нашминкана – црн ајлајнер и нежно розев кармин уште еднаш потврдија дека помалку е повеќе! (фото:  Guliver/Getty images, Matt Winkelmeyer)