Животна училница // Приказни
Мијалков: Полека умираме со проблемите за нашите деца со посебни потреби
“Состојбата на семејствата на деца со посебни потреби е крајно критична бидејки се соочуваме со проблеми во сите сфери од животот. Ние не живееме со проблемите, ние секојдневно умираме од проблемите и предвреме остаруваме и се разболуваме, гледајки ги нашите деца за кои и покрај толкава борба сеуште не сме успеале да ги обезбедиме понекогаш и најосновните потреби” - вели за Фактор, Зоран Мијалков претседател на Здружението “Сплотени срца” и член на Иницијативата 5 до 12.
Родителите на децата со посебни потреби се разочарани бидејќи општина Штип го скроила буџетот за наредната година тежок 15 милиони евра, но не предвидела пари за нивните проекти со кои велат планирале изградба на рехабилитациски центар за грижа, нега и едукација на лицата со посебни потреби. Дополнително, засегнатите родители планирале обука на лица кои ќе помагаат околу грижата за децата со посебни потреби, но наместо нив, реагираат дека тоа и понатаму ќе мора да го прават само родителите.
Повеќе прочитајте на Фактор.мк тука.