Orofluido™, бренд познат по ритуали за нега на коса, продолжува со потрага по античките тајни на убавата коса од целиот свет, откривајќи некои од мистериите коишто лежат скриени во срцето на Амазонија.
Прославувајќи го богатството што доаѓа од неговата природна, автохтона флора, Orofluido Amazonia™ ја користи моќта на трите природни состојки за создавање на линија на производи за професионална нега коишто ѝ даваат на косата виталност и енергичност како од амазонските прашуми:
Murumuru путер – многу богат со масни киселини, ја зголемува хидратацијата на косата. Прави заштитен слој околу влакното на косата и ја измазнува кутикулата обновувајќи ја и давајќи ѝ волумен
Масло Sacha Inchi - богат со незаситени Omega-3 и Omega-6 масни киселини. Ја обновува и реконструира косата, правејќи ја поотпорна на оштетувања
Екстракт од Acai бобинки - содржат многубројни нутритиенти кои ги прават едни од најбараните овошки на планетата со голем удел на антиоксиданти. Помагаат при заштита на косата од слободни радикали.
Орофлуидо Амазонија е линија специјално наменета за жените со ослабена или оштетена коса и се состои од салонски третман во три чекори и колекција од луксузни производи за домашна употреба: шампон, маска и обновувачки балм, кои ѝ даваат на вашата коса здрав и негуван изглед секој ден.
Орофлудио Амазонија ритуалите за нега на коса претставуваат задоволство за сите сетила. Ја будат убавината на косата, помагаат длабински да се регенира и реконструира влакното одвнатре и ја прават косата мека, нахранета и природно бујна.
Во сите фризерски салони коишто работат со Revlon Professional производи можете да го направите Орофлуидо Амазонија третманот и да ги купите производите за домашна употреба.