НАПОЛНИВ 50 ГОДИНИ: За следните работи навистина не ми е грижа повеќе!

Повеќе од половината од својот живот ја поминав осврнувајќи се на мислењето добиено од погрешни луѓе. Сега, откако наполнив 50 години, ги сфатив вистинските животни вредности.

Сфатив дека повеќе не ми е грижа за овие осум работи кои ме спречуваа да го живеам животот како што сакам.

Нема веќе да молчам

Не сакам повеќе да молчам кога некој ќе ми рече нешто што не ми одговара. Не сакам да кимнувам со глава или да се сложам со секој глупав и нарцисоиден човек. Не сакам да молчам на неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам на глас да викам, бидејќи животот стана прекраток за да се премолчува неправдата.

Нема веќе да се грижам како им изгледам на другите луѓе

Веќе со години им завидувам на мажите, бидејќи тие не мораат на секои дваесет дена да ја бојадисуваат седата коса. Мажите не мораат наутро да ставаат килограм пудра на лице, да се грижат што им се гледаат брчките од грижата и смеењето.

Сега сум доволно стара да знам дека сум најубава таква, каква што ме создал Господ. Имам брчки, не им се знае бројот, секое второ влакно ми е бело, но дури сега сум задоволна од изгледот.

Прашањето „што ќе речат другите?“, не ме засега веќе извесно време и фала му на Бога за тоа, бидејќи тие луѓе станаа толку небитни во мојот живот, што за нивните злобни коментари развив селективен слух.

Немам време често да чистам! Немам и точка. Не сум неуредна, но куќата, повеќе не ми е „како аптека“. Уредно е, но дека е кристално чисто-тоа навистина повеќе не е. Како што правам? Читам! Доста ми е од спомени, оние мали работи кои со години се трупаа во фиоки и создаваа неред, одамна се во ѓубре. Знам, не ми е јасно ниту мене зошто ја чував искористената авионска карта стара 17 години. Албуми со фотографии ги ставив на безбедно, а се друго (освен магнетите од фрижидер) или ги подарив или ги фрлив. Едноставно.

Нема веќе да се дружам со луѓе коишто не ми одговараат

Зошто да трпам некои егоистични луѓе кои ми ги вадат нервите? Далеку им е домот од мојот. Имам доволно години за да знам кој ми годи, а кој не. Оние, коишто не ми годат, никогаш повеќе не сакам да ги видам со очи.

Нема веќе да го барам доброто во секој човек

Зошто да се губи време? Не се сите луѓе добри. Тоа е едноставно. Ако некој направил нешто лошо, тоа го направил со лоша намера, нема шанси да го оправдувам. Делата откриваат повеќе од зборовите. Сега сум доволно стара да речам: „Мил мој, ти не си добра личност!“ и да продолжам понатаму…