Различни фактори ја одредуваат склоноста на луѓето од една генерација кон дебелина.
На пример, т.н. милениалс, милениали или Генерација Y - луѓето родени од почетокот на 80-тите до средината на 90-тите години на XX век - се најмногу склони кон дебелеење во споредба со претходните генерации.
Ова е прикажано во една студија спроведена од британската добротворна организација за истражување Cancer Research UK. Според резултатите од истражувањето над 70% од милениалите ќе имаат прекумерна тежина на возраст од 35 до 44 години. При тоа за споредба меѓу родените луѓе од 1945 до 1955 со прекумерна тежина на оваа возраст се 50%.
Тоа значи дека милинеалите се генерација која најмногу од страда од непотребна тежина, за времето за кое се извршувало собирање на податоци, се истакнува во истражувањето.
Милениалите се познати по тоа дека ги следат трендовите на здравата исхрана , но ништо не може да ја надмине урамнотежената исхрана. Најдобар инструмент да се зачува здравата тежина е да се јадат повеќе овошје, зеленчук и друга храна со влакнеста структура, а во исто време да се намали количината на употреба на штетна храна, вели професор Линда Бауелд, експерт во организацијата. Се истакнува предупредувањето, дека прекумерната телесна тежина и дебелината се поврзани со 13 видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, на бубрезите, дебелото црево ..