Свршувачкиот прстен отсекогаш бил симбол на верноста и имаат долга традиција. Египќаните уште во 9иот век п.н.е сметале дека прстенот е симбол на нераскинлива врска.
Во последно време важи обичајот дека свршувачкиот прстен се носи на левата рака, додека пак после венчавката се носи на десната.
Свршувачкиот прстен датира уште од 13 век во Рим. Според обичаите, свршувачкиот прстен треба да биде од злато украсен со дијамант. Мора да биде од бело или жолто злато.
Во некои европски земји свршувачките прстени се како моден додаток, а по венчавката на него се напишани имињата и датото на венчавката. Модерниот свршувачки прстен се состои од два или три прстени, кои по венчавката може да се разделат на свршувачки прстен и бурма.
Ако младите ја раскинат свршувачката имаат право да го бараат назад она што го подариле на другата страна, но и да го вратат она што го добиле на подарок.