Животна училница // Семеен Албум
Не бранете му на детето да …
Сакајки од своите мали да направат храбри луѓе, мама и тато често го прават спротивното. Експеритете велат дека не е добро кога на детето му поставувате ригидни гранции на страв, бидејќи тоа може да ги направи уште поплашливи.
Некои работи, затоа не треба да им ги браните, а наведуваме кои во текстот подолу:
Не бранете му на детето да плаче
Родителите често им говорат на децата, посебно на момчињата, дека е срамота да се плаче, дека солзите се само за слаби, дека сите ќе им се смеат ...Тие тогаш почнуваат да ги кријат или гушат, иако постојат и реални причини за тоа да се исплачат. Така наместо солзи, често остануваат трауми.
Не бранете му на детето да го искаже стравот
Секако дека малите не треба да бидат плашливи, посебно кога имаат страв од одење на доктор, забар, во школо, од учител и оцени, но ако и тоа се случи, најлошо е да им се потсмевате. Наместо тоа, обидете се да го разложите нивниот страв и да им помогнете да го надминат.
Не бранете му на детето да каже „не“
Кога нешто му предложите на детето, а тоа вели дека не смее, немојте да му велите дека е кукавица, бидејќи тоа лошо влијае на неговата самодоверба. Сослушајте го, поразговарајте, упатете го зошто мислите дека може треба тоа да го направи.