,

НЕ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ БЕБЕ: Експертите конечно открија како да станете родители

Добивај вести на Viber

Ако се обидувате да добиете бебе, а никако да забремените, мора да сте фрустрирани. Иако постојат бројни совети на оваа тема, експертите предупредуваат да избегнувате суеверија. Тие го предлагаат ова: Сексот нека биде секси Кога се обидуваат да направат бебе, повеќето парови по одредено време почнат да го третираат сексот како обврска. Експертите велат дека таквиот однос е грешка. Имено, истакнуваат дека е многу важно да бидете опуштени и да покажувате страст и љубов, бидејќи доколку водите љубов под стрес, шансите да останете во друга состојба се многу мали.   -За жал, мажите се чувствуваат како да се принудени да ја одработат работата, што ги прави мрзеливи и се многу нервозни. Иако науката не успеала стриктно да го поврзе влијанието на стресот на плодноста, сепак се советува љубов да водите во мирна и опуштена атмосфера, а не како некој да ве тера на тоа-истакнуваат експерти и додаваат дека е докажано дека стресот негативно влијае на хормоните кај жените. Два пати во час Кога успеете да се релаксирате, водете љубов со партнерот барем два пати во текот на еден час. Тогаш шансите се три пати поголеми да останете во блажена состојба. -Истражувања покажуваат дека шансите се 6 до 21 отсто поголеми да останете бремени доколку имате односи два пати во текот на еден час-тврдат научници.   Сепак, велат дека оваа пракса не би требало да се применува секојдневно. Предиграта е важна Кога се обидувате да добиете бебе, партнерот може да зафркне. Доколку љубовта е искрена и вистинска, тој ја чувствува вашата напнатост и нервоза и целиот притисок е на него бидејќи „Мора да ја изврши работата како што треба“. Поради тоа е важно секогаш да го опуштите. Немојте да заборавите на предиграта.