Животна училница // Приказни
НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА И ДЕЦАТА
Новогодишните и Божиќните празници претставуваат еден волшебен период од годината. Осветлениот и накитен град, подароци, дружења, мирис от на божиќните колачиња…во сите нас предизвикува чувство на радост, исчекување, возбуда.
Но, посебната магија ја чувствуваат само децата. Празниците се совршено време да поминете повеќе време со своите деца, создавајќи и надоградува јќи ја поврзаноста низ која детето го развива сопствениот идентитет, емоционалноста и припаѓањето. Така ќе ја задоволи потребата за љубов, почит и прифаќање. Вклучете го вашето дете во што повеќе активности, нека помогне во китењето на елката, правењето колачи и слично. Подароците се важен дел од празниците. За децата највозбудлив дел претставува отворањето на подароците. Покрај тоа што ги усреќувате вашите деца тие ќе научат драгоцени трајни вредности кои еден ден ќе им ги пренесат на своите деца. Ќе научат да споделат љубов, внимание, почит. Од најрани години научете ги своите деца дека не е важно да добијат голем број на поклони, важно е да даваат и примаат од срце.
И за крај, обидете се за време на празниците да уживате во сегашниот момент заедно со своите деца, било да ги гледате во очи, ги држите за рака или уживате во смеата која одекнува. Воспоставувањето на топол однос со вашите деца е прв чекор на патот кон воспитувањето.
За Женски Магазин, Ружица Митровиќ-Дипломиран педагог