Новогодишна поучна приказна

Добивај вести на Viber

Некогаш еден човек ја искарал својата тригодишна ќеркичка затоа што таа потрошила ролна златна украсна хартија. Времињата биле кризни и тој збеснал кога детето се обидело да украси кутија којашто сакало да ја стави под Новогодишната елка. И покрај се’, следното утро девојчето му го донело подарокот  и рекло: „Ова е за тебе, татенце.“ Тој се засрамил поради својата претерана реакција од претходниот ден, но кога ја отворил кутијата и на негово изненадување видел дека е празна, повторно збеснал. И се развикал: „Зарем не знаеш дека кога на некого му даваш подарок, во кутијата треба и да има нешто?!“ Девојчето го погледнало со солзи во очите и рекло: „О, тато, но не е празна. Јас издував бакнежи во кутијата. Сите за тебе, татенце.“ Таткото бил скршен. Го прегрнал своето девојче и ја молел за прошка. Се вели дека човекот со години ја чувал златната кутија крај својот кревет, и секогаш кога ќе се почувствувал обесхрабрен, ќе извадел еден замислен бакнеж, и ќе се присетил на љубовта на детето што ги ставило бакнежите внатре. И во вистинска смисла на зборот, на сите нас како на луѓе ни е дадена по една златна кутија со безусловна љубов и бакнежи од страна на нашите деца, пријатели, семејство и од Бога. Човек никогаш нема да поседува ништо повредно од тоа.