Животна училница // Приказни
ПИСМО НА ЕДЕН МАЖ: „Тогаш не знаев, но 5 години и нанесував психичка болка на една добра жена“
Oстанувајќи во нејзиниот живот, поминав 5 години нанесувајќи и психичка болка на една добра жена.
Сакам да бидам со неа. И навистина сакав неа да ја изберам. Беше неверојатна жена, паметна, смешна, сензуална. Од нејзината смисла за хумор целото мое тело се тресеше од смеа, а нејзината егзотична убавина за момент можеше да ми го помати умот.
Моето среќно место беше утрото кога се будев со неа во моја прегратка. Прекрасно ја сакав.
За жал, како што се случува со многу млади двојки, нашето незнание како добро да се сака создаде стресни предизвици во нашата врска. Моите блажени утра се претворија во напнати, незрели ситуации од секојднениот заеднички живот. И почнав да се прашувам дали постои некаде некоја жена која ќе биде лесно да се сака, и која мене ќе ме сака подобро.
Како што минуваа месеците, а таа мисла често ме заобиколуваше, се помалку ја бирав неа. Секој ден, во текот на пет години, ја бирав само малку.
Останав со неа. Но се откажав. И двајцата страдавме.
Да се избере таа би значело да се фокусирам секој ден на прекрасни работи кои ги внесуваше во мојот живот на што можев да и бидам благодарен: нејзината смеа, сензуалност, разиграност, пријателство и уште многу нешта.
За жал, често ми беше тешко или речиси невозможно да уживам-или воопшто да забележам-се она што е толку прекрасно во врска со неа.
Премногу се насочи на лутина, несигурност, барања и останати аспекти од нејзината силна личност која имаше влијание на мене. Што повеќе се фокусирав на најлошото се повеќе забележував, и поради тоа уште повеќе реагираше моето најлошо однесување. А сето тоа уште повеќе ја нарушуваше нашата врска ... а поради тоа уште помалку ја бирав секој ден.
А таа силно се бореше да ја изберам неа. А тоа е залудна работа. Не можете некој да го натерате да ве избере вас, дури и кога ве сака.
Сега сфаќам дека често беше лута бидејќи со мене не се чувствуваше сигурно. Почувствува дека престанав, во своите дела и зборови, да ја бирам секој ден и се плашеше дека ќе ја напуштам.
И ја напуштив.
Но всушност ја изневерив бидејќи секој ден, во текот на пет години, се фокусирав на она што ми сметаше наместо на она што го обожавам кај неа.
Како редок и нежен цвет кој горделиво го донесував дома, а потоа престанав да го полевам, премногу пати ја оставив сама да увенува во топлината на напшиот интимен однос.
Секогаш изберете го она најдоброто кај жената која ја сакате. Изберете ја неа целосно.
Ако сте во врска, поставете си го ова прашање:
„Зошто денес повторно ќе го изберам својот партнер?“
Ако не можете да пронајдете добар одговор, побарајте подлабоко и пронајдете го. Бидејќи во најдлабоките вистини на срцето можеби нема причини.
Ако помине премногу време и не можете да откриете зошто секој ден би избирале да бидете со својот партнер, а вашата врска е целосно стресна, пуштете ги да одат.
Направете место во вашите животи да влезе некој друг, кога можете повторно да го бирате секој ден.
Бидејќи лицата кои ги сакаме заслужуваат кај нив да го избереме само она најдоброто.
Секој ден.