Животна училница // Приказни
Позајми, заштеди, одложи, купи си што ти бара душата: Голема лекција од една мудра 90-годишна прабаба!
„Мојата прабаба останала вдовица на 27 години, сама со две девојчиња, малото момченце и починало. Со мали приходи, тешко живееле. Кога примањата се мали, треба да се биде внимателен, многу штедлив, да штедиш и мудро да ги трошиш парите за водење на домаќинството. Таа така и живеела.
А тогаш во продавница ги видела тие чевли.
Луксузни, модерни, лаковани, со висока потпетица. И ги купила. На нозете и легнале баш како скроени за неа. Кога дошла дома, го вклучила грамафонот и танцувала: две години пред тоа не играла.
Две години водела штедлив живот, пресметувајќи ја секоја пара, немала баш голема желба за живот. Тагувала за сопругот и синчето. Чевлите биле доста скапи, морала да ги потроши сите пари. Со ужас мислела, како ќе преживее со децата, што ќе се случи утре?
Ништо лошо не се случило.
Позајмила пари, полека ги враќала, си ставала во чинијата помалку супа, а на ќерките им давала месо. Јадела леб со чај, но тоа не и било тешко, бидејќи ги имала тие прекрасни чевли со штикла.
Во нив отишла на забава со пријателите. Во нив запознала интересен маж, година дена подоцна се омажила со него и прилично среќно живеела. Девојчињата биле облечени и сити, и двете стекнале високо образование.
Иако имало војна и секојдневни ужаси, но чевлите, секавањето на штиклите траело, тоа се одржало! Тоа бил нејзиниот најрадосен спомен.
И на 90 години, прабабата се сеќава на купувањето на тие прекрасни чевли и се смеела, прераскажувајќи ги деталите од тој возбудлив момент на своите правнуки...
Инаку ретко се смеела, животот и бил суров.
И еве што ги научила прабабата своите внуки- купи си што ти бара душата. Дури и ако има малку пари. Позајми малку, заштеди, одложи го купувањето на ТВ или мебел , или било што.
И уште нешто многу важно. Некое купување може да спаси живот и да ја промени судбината, иако без тоа се може-како и без чевлите со штикла. И покрај тоа -купи си. И нешто добро ќе се случи. И ќе посакаш да живееш. И да играш на омилената музика. И да запознаеш некој интересен.
А потоа на правнуките на 90 години ќе им раскажуваш за штикли...И повторно ќе се смееш!