,

Почина модниот могул Азедин Алаја

Добивај вести на Viber

Модниот креатор Азедин Алаја, родум од Тунис, почина на 77 години. Тој е креаторот кој облекуваше многу од популарните ликови во Холивуд. На неговиот моден стил не беа имуни ни дамите од Белата куќа. На листа познати кои ги носеа неговите креации се: Лејди Гага, поранешната прва дама Мишел Обама, Грејс Џонс и Грета Гарбо. Азедин Алаја беше нарекуван „крал на наметливоста“ поради скулптурните, припиени дизајни. Тој ги популаризираше во текот на 1980-тите, а ги усоврши во текот на својата модна кариера. Повеќе музеи одржаа ретроспективи за делото на Алаја.