,

По 20 години: сајберпанк пионерите КИБОРГ се враќаат на сцена!

Добивај вести на Viber

КИБОРГ, култното име на македонската cyberpunk музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот industrial бенд во Македонија, по 20 години се враќа на сцената и тоа со концерт кој ќе се одржи на 2-ри декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Со овој потврден настап во живо, КИБОРГ ја збогатува програмата на ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, организирана во рамки на ТАКСИРАТ! Концертот на КИБОРГ во Скопје е во рамки на завршната вечер на ПИН – единствената меѓународна музичка конференција и шоукејс фестивал во Македонија која ќе се одржува од 30-ти ноември до 2-ри декември во МКЦ! Со овој меѓународен музички настан, Таксират во Скопје ги претставува врвните имиња од европската музичка индустрија во дневната панел-програма, додека ноќите на ПИН се резервирани за концертите на најпотенцијалните артисти на новата музичка сцена од Европа и регионов. Само во концертната програма, македонската публика ќе има прилика да ужива во повеќе од 20 настапи за време на трите дена на ПИН. Покрај КИБОРГ, веќе се потврдени настапите и на LIARS (С.А.Д. / Австралија), BABA ZULA (Турција), МАРИО БАТКОВИЌ (Швајцарија), IT’S EVERYONE ELSE (Словенија), VIZELJ (Србија), EXCESSIVE VISAGE (Германија), а наскоро ќе бидат објавени уште многу музички артисти и гости на овој настан.