Празници се ближат, честитки се нижат

Добивај вести на Viber

Празниците секогаш биле инспирација за креативците. Новата година е посебен лајтмотив. Честитките останаа творечки предизвик колку и да електронските пораки го преземаат приматот во исполнувањето на основната функција. Со мејлот, пораката се пренесува побрзо, поедноставно и поевтино. Но, добиената новогодишна честитка од драга личност, изложена на видно место не само што го украсува просторот и стоплува амбиентот, туку ги буди чувствата и сеќавањата не времето кога сите живеевме порелаксирано, помалку стресно, а заедно се радувавме на празниците што следат. Затоа култот кон новогодишните честитки продолжува да живее. Изработката на оваа „магија“ прераснува во уметност, посебно доколку истата е со предзнак домашна творба. Во случајов ви ги презентираме ремек делата на Ленка Ѓоргоска, креативецот професор кој со задоволство се втурнува во предизвикот да обмисли и изработи новогодишни честитки, со скромно укажување на Ѓоргоска, дека најубавите не се во нејзина сопственост.