ПРАЗНИЧНА ПРИКАЗНА СО МАЈА И ДАРКО ПАНЧЕВИ: Дарко ме караше кога бремена играв за Нова година

Добивај вести на Viber

Се запознале пред деветнаесет години и велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се родители на Надица која има 17 години, и 12 годишната Марија. „Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако сѐ се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, ни раскажа Маја Панчева, поп-пејачка и хористка во МОБ за својот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“. За Женски Магазин, Маја и Дарко Панчеви се присетија на претходните славења на новогодишната ноќ, на златните времиња на ФК Вардар и Црвена ѕвезда, и ги открија своите планови и желби за Божиќ. Новогодишната ноќ ја славевме дома со најблиските, а си посакавме како и досега, здравје, љубов и среќа. Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирен, јас и на двете забави сѐ се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам“, се сеќава Маја на нејзините најдраги новогодишни забави. За ќерките Надица и Марија, таа вели дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц. Надица во учењето покажува талент за јазици и најверојатно тоа и ќе студира, Марија, вели Маја, има талент за повеќе работи, и допрва ќе одлучи за што ќе се определи. [caption id="attachment_11540" align="aligncenter" width="658"] Надица во учењето покажува талент за јазици и најверојатно тоа и ќе студира, Марија, има талент за повеќе работи, и допрва ќе одлучи за што ќе се определи.- Панчеви[/caption] Дарко и јас веќе 18 години си функционираме на еден нормален, човечки начин како да не сме луѓе од јавниот живот. Едноставноста е таа што си ја сакаме помеѓу нас“, додава Маја за својот сопруг. На прашањето, зошто не е активна во поп музиката, таа вели: Активна сум со музиката и тоа секојдневно, затоа што веќе четири години сум дел од хорот на МОБ. Од неодамна ја промовирав мојата нова песна Време, која гледам дека е добро застапена по радијата, но сигурна сум дека ќе има уште многу песни од мене. И секако, тука се и живите свирки кој ми се мелем за душичката“, ни изјави Маја за својата музика. Нејзина новогодишна желба е во МОБ да имаат што поубави и успешни настапи, и во оваа година да сними неколку нови песни. Од професионален аспект би сакал со ФК Вардар да имам што поуспешна сезона и со моите колеги да направиме една добра и млада екипа, која ќе игра неколку години заедно и успешно“, се желбите на Дарко Панчев. [caption id="attachment_11537" align="aligncenter" width="652"] Активна сум со музиката и тоа секојдневно, затоа што веќе четири години сум дел од хорот на МОБ.- Маја со колешките во Операта[/caption] „Од минатото, најмногу ми недостасува возбудата на полните стадиони, која беше многу често присутна на градскиот стадион во Скопје“, се сеќава тој на златните времиња на македонскиот фудбал. За Божиќните празници, семејството Панчеви ќе одмара во својот дом. Како велат, кај и да си, за Божиќ дома да си, така кај нас и ќе биде. А а за Василица се уште не знаеме, многу случувања не планираме однапред“. На крајот, Маја и Дарко Панчеви на сите читатели на Женски Магазин им ги честитаа празниците и им посакаа многу здравје и успех. За Женски Магазин, Милица Џаровска