Сами сте и често не сте способни да ја зачувате врската, можеби проблемот е во лошата енергија на вашето љубовно ќоше. Во десното ќоше спроти страната од вашата врата на собата или на целиот дом, се наоѓа вашето поле на љубов. Погледнете го просторот и воочете каква е енергијата, дали просторот е пренатрупан со предмети и не може да „дише“. Доколку е така зафатете се за работа.
Исчистете го овој простор од работи кои не ви се потребни и кои не се поврзани со љубов. Исфрлете ги и работите кои ве потсетуваат на некого и ви создаваат лоши чувства и спомени. Не ги чувајте и работите од вашите претходни врски, но исто така и предметите кои се скршени. Тргнете ги и плишените играчки доколку ги имате во овој простор. Доколку имате растение кое е со боцки, како што е кактусот, тргнете го тоа создава лоша енергија.
Искористете ги боите на љубовта, сите тонови на розевата, црвената и белата боја. Но внимателно со црвената боја, користете ја во помал интензитет бидејќи може да го „изгори“ вашето љубовно поле. Ставете предмети во пар, две срца, две фигури, две цвеќиња, две чаши и сè што вам ве потсетува на љубов и што ви буди убави чувства. Можете да ставите стаклени или кристални срца, тие ја лекуваат енергијата. Ставете свеќи тие ја подобруваат циркулацијата на енергијата и ви носат романса и љубов.
Направете симетрија во вашата спална соба, поставете две перници, две тоалетни масички, две ламби, две слики над креветот. Кога би поставиле некаква слика, тоа нека биде слика која потсетува на љубов и создава убава позитивна енергија. Тргнете ги сликите од вашите пријатели или семејство од вашата спална соба. Ставете огледало, но внимавајте да не биде насочено кон креветот.
Направете ги овие мали промени и почувствувајте како просторот „дише“. Почувствувајте ја позитивната енергија како се движи, движечка енергија која ќе направи промени и ќе ви донесе некој во вашиот живот.
За Женски Магазин Ана Јордановска