Ако му дозволите на детето да прави што сака, детето ќе „гази“ додека вие не го изгубите авторитетот.
Родителите често ги толерираат лошите навики на детето затоа што сметаат дека тоа е само фаза и дека ќе помине.
Но, има ситуации кога треба веднаш да реагирате, на пример ако детето ве прекинува додека зборувате.
Психолозите велат дека на детето треба да му се укаже дека не треба да ве прекинува, да не одвлекува внимание и да дозволи да зборувате со другите.
Ова треба да се искорени додека децата се мали, и да можат тоа навреме да го научат.
Кога ќе завршите со разговор, детето нека ве праша или нека ви каже ако има нешто важно.
Ако детето е насилно при игра со друго дете, мора да го запрете тоа агресивно однесување.
Ако ова не го спречите, по 8 години е тешко да се одгледа агресивно дете.
Доколку не реагирате, детето ќе го прифати агресивното однесување како нормален начин на однесување.
Ако сами не можете со ова да се справите, побарајте помош од психолог.
Ако неколку пати го заповедате, а при тоа детето се прави како да не ве слуша, тогаш имате проблем.
Пријдете му, ставете ги рацете на неговите рамена и повторете што треба да направи. Со ова ќе покажете дека вие сте тие кои ја контролираат ситуацијата.
Во ред е ако детето само си земе чоколадо, но ако често зема работи без ваша дозвола, тоа е проблем и ќе имате проблеми со него откако ќе порасне.
Разговарајте со детето за правилата кои мора да ги почитува.
Детето зазема лош став или превртува со очите додека вие нешто му кажувате. Ако така се однесува пред вас, истото ќе го прави и пред други луѓе или пред наставниците.
Во ред е детето да фантазира, но ако лаже многу работи за себе, тогаш не е в ред, затоа што како што објаснуваат психолозите никогаш нема да прифатат кои се и што се.