,

Рано откривање на аутизмот – тест кој покажува на потенцијални проблеми во развојот

Добивај вести на Viber

Тешко е да се препознае аутизам во раните фази бидејќи се уште не постои соодветен модел соодветен за сите деца. Научниците на Универзитетот Ратгерс, веруваат дека овој тест може да им помогне на лекарите да го откријат пореметувањето кај малите деца. Бидејќи не постои медицински тест со кој се дијагностицира аутизмот, докторите за да го откријат треба да со следат однесувањето на детето во друштвена интеракција и комуникација. Истражувањата во 2012 година покажале дека 50% атуизам имаат деца постари од 5 години, а 20%  деца од 2 години. Доктор Волтер Захородни истакна дека неговиот тим собрал податоци од 2 000 деца на возраст од 1 до 3 години,  а повод биле родителеите кои се нервирале бидејќи доцна го откриле пореметувањето на детето. Децата кои на таканаречениот (Psychological Development Questionnaire-1) кои имаат лоши резултати спаѓаат во ризичната група. Овој тест е 88% точен за идентификување на децата со аутизам. Тест за откривање на аутизам На тестот одговарате „да“, „понекогаш“ или „не“. Доколку поголемиот дел од одговори се „не“ посветите внимание на однесувањето на вашето дете. Моето дете...
  1. Гестикулира за да покаже интерес или внимание
  2. Нормално реагира на звуци
  3. Смее се и редовно воспоствува контакт со очите со други луѓе
  4. Реагира кога ќе го викнете по име
  5. Покажува интерес за игра
  6. Изговара повеќе од три зборови редовно и правилно
  7. ги спојува зборовите
  8. смее се кога се смеат и другите
  Тестот се однесува на деца на возраст од 18 до 36 месеци.