РИЧАРД ГИР: Бидете луди. Бидете љубезни. Бидете чудни. За друго нема време!

Добивај вести на Viber

Мајката на мојот пријател се хранеше здраво цел живот. Никогаш не конзумирала алкохол ниту било каква „лоша“ храна, вежбаше секој ден, многу активна, земаше суплементи кои и ги препорачуваше докторот, никогаш не излегуваше на сонце без заштита а и кога ќе излезеше тоа беше многу кратко - практично го штитеше своето здравје во најголема мера колку што можеше. Денес има 76 години и има рак на кожата, рак на коскената срж и екстремна остеопороза. Таткото на мојот пријател јаде сланина врз сланина, путер врз путер, маст врз маст, никогаш и мислам дека не вежбал, бил на сонце додека не изгори секој пат, дословно животот му е таков да живее до максимум, а не како други му кажуваат. Тој денес има 81 година и докторите велат дека има здравје како момче. Луѓе, не можете да се сокриете од својот отров. Тој е таму некаде и ќе ве пронајде, а според зборовите на мајката на мојот пријател која уште е жива: „Да сум знаела дека животот ќе ми заврши на ваков начин, повеќе би го живеела до максимум, уживајќи во се што ми е речено дека не треба“. Никој од нас нема од овде да излезе жив, затоа ве молам да престанете кон себе да се однесувате како другите наметнуваат. Јадете ја таа вкусна храна, шетајте по сонцето. Кажете ја вистината која ја носите во своето срце како скриено богатство. Бидете луди. Бидете љубезни. Бидете чудни. Нема време за ништо друго. Без разлика дали е во прашање приказна која потекнува од познат актер или не, поуката е јасна: не бидете опседнати од нешто само затоа што е во прашање моментален тренд или нечија препорака, умереноста е мајка и живејте го животот со полни гради.