Сања Атанасовска: последниот бисер

Добивај вести на Viber

Ти го давам последниот свој бисер затоа што ѓердан не ми остана ниту поезија во суперлативи сега ми фали раката на послабиот и моќта на посилниот за да ги прегазам оние што ме згазиле и да ги преболам оние што никогаш не ме сакале ти го давам последниот мој бисер што сакаш направи му кога тој ќе се помири со безвредноста мене одамна ќе ме нема. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска