Сања Атанасовска: совршен лет

Добивај вести на Viber

Јас сум птица со гнездо на југ кога пријателите ќе ме остават нема да го скршиш мојот беспрекорен лет кога очите ќе ми ги врзеш ќе си го познам својот пат ако со камен фрлиш по мене оган ќе бидам без двоумење ќе те изгорам јас сум птица со совршен лет не доаѓај со мене преубаво е. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска Фото: Pixabay