Животна училница // Приказни
Сестрата на Ким Кардашијан призна дека ќе стане мајка
33-годишната риалити ѕвезда и сестра на Ким Кардашијан - Клои потврди дека е бремена по неколку месеци гласини за тоа дали навистина очекувала дете.
Таа веста ја потврди на профилот на Instagram, каде што објави нежна црно-бела фотографија од нејзиниот стомак со рацете на нејзиното момче, Тристан Томпсон ставени на него.
https://www.instagram.com/p/Bc8PFjuFjlp/?taken-by=khloekardashian
„Мојот најголем сон стана вистина! Ќе имаме дете! Чекав и се прашував, но Господ имал план цело време. Знаеше што прави. Морав едноставно да верувам во Него и да бидам трпелива. Сеуште не можам да верувам дека љубовта ќе ни роди нов живот. Тристан, ти благодарам што ме сакаш на овој начин. Ти благодарам што се однесуваш кон мене како кон кралица. Ти благодарам што ме тераш да се чувствувам убава во секој момент. И пред сè , Тристан, ти благодарам што ме направи МАЈКА. Ти го направи ова искуство помагично отколку што можев да замислам ... “ , Гласеше изјавата на убавицата на социјалната мрежа.
Кардашијан им се заблагодари на обожавателите дека го почитувале нејзиното право да ја чува својата тајна.