,

Скопје викендов вистински празник за љубителите на уметничкото лизгање

Добивај вести на Viber

Скопје овој викенд ќе биде вистински празник за љубителите на уметничкото лизгање. Вчера и денес во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и СРЦ „Борис Трајковски“ по втор пат се одржува меѓународен и национален натпревар во уметничко лизгање. На овој престижен спортски настан ќе учествуваат 60 натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години. Тие ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори. Организаторите очекуваат гости од Србија, Грција, Бугарија, Хрватска и други земји. Во петок своите вештини на мразот ги покажаа учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории. Поканети се ISU квалификувани судии од Руската Федерација, Бугарија и Србија. За значењето на натпреварот говрои и фактот што тој ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ISU). Со цел натпреварот да биде достапен за сите кои сакаат да уживаат во уметноста на мразот во СРЦ „Борис Трајковски“, влезот и двата дена ќе биде слободен.