СОВЕТ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Израснете самостојно дете на кое ќе можете да се потпрете
Да се биде родител е убаво, но и тешко. Секој ден родителот се прашува дали постапил правилно. Стручњаците имаат совети кои ќе им помогнат на родителите правилно да ги израснат и воспитаат своите деца. Ако сакате вашето дете да биде самостојно, дозволете му да згреши, но не му помагајте вие. Пред да му помогнете на вашето дете во некоја физичка задача, прашајте се дали детето е во опасност? Прашајте се дали детето има вештини за одредена работа, а ако одговорот е да, тогаш само нека си ја заврши обврската. Детето мора да го заврши прво најтешкото, додека пишува домашно да не праќа смс и да не е со мобилен в рака, и кога домашната е готова, тогаш да се подготви ранецот за утре. Ако овој процес го научи, вие ќе имате многу помали обврски да го проверувате детето дали завршило со домашните задачи. Напади на бес се случуваат ако детето е гладно, вознемирено, осамено или уморно. Учете го детето дека на другите треба да им помагаме кога можеме, а не само кога е празник. Неделно нека прави по едно добро дело. Бидете строги околу тоа кога детето треба да си оди да спие. Дозволете му да чита што ќе посака. Не му давајте пари на детето на пример, ако си ја среди собата, зата што истото ќе го очекува и следен пат. Ако сакате вашето дете да биде самоуверено, учете го на храброст. Не гответе посебно за детето. Тоа мора да научи да го јаде она што го јадат и родителите. Бидете внимателни откако детето ќе наполни 14 години, во тој период почнува да мисли со своја глава. Победете ги стравовите со здрав разум. Ако се плаши од куче, не преминувајте на другата страна на улицата. Ако сакате детето да биде потивко, бидете и вие тивки и немојте да викате. Ако сакате да бидете добри родители, водете сметка и за себе си, не само за детето. Многу родители имаат грижа на совест затоа што многу работат, и немаат многу време за детето.