Оддамна престанав да си ги бројам раните
и твоите капки корозивна пот
што паѓаат врз нив.
Оддамна веќе не си ја мерам тишината,
ни зуењето на твоите сеќавања
во глуво - добата на туѓите несоници.
Оддамна не ги растворам емоциите
за да ти ги титрирам во филџанот
како концентрат од исштиркани ветувања.
Неодамна,
неминовно ми ги пресекоа крилата
и неодложно ми прикачија опаш.
Приказните за прекумерно пиење кафе
добија олицетворение,
само затоа што свесно си го ускратувам
правото да сонувам.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола
Животна училница // Приказни
Тања Кармзова Костиглиола: Обесправено сонување
Оддамна престанав да си ги бројам раните
и твоите капки корозивна пот
што паѓаат врз нив.
Оддамна веќе не си ја мерам тишината,
ни зуењето на твоите сеќавања
во глуво - добата на туѓите несоници.
Оддамна не ги растворам емоциите
за да ти ги титрирам во филџанот
како концентрат од исштиркани ветувања.
Неодамна,
неминовно ми ги пресекоа крилата
и неодложно ми прикачија опаш.
Приказните за прекумерно пиење кафе
добија олицетворение,
само затоа што свесно си го ускратувам
правото да сонувам.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола