„Те сакам“ со дела, а не со зборови

Се сеќавате ли кога за прв пат кажавте „Те сакам“? Ова е фразата што е најтешко да се каже и чини најскапо. Да му ги кажете на некој овие убави зборови може да биде тешко. Но, за да ја потврдите љубовта со дела, потребна е несекојдневна храброст, па дури и малку имагинација. Тоа се мали гестови кои ги разбудуваат пеперутките во стомакот и нè прават да се чувствуваме сигурни и задоволни.

Љубете и правете сè со љубов, затоа што понекогаш паѓаме во динамиката на секојдневниот живот и ги забораваме малите нешта што нè прават навистина среќни. 

1. „Сопругот ми почина на 48 години. Ми недостига да ми донесе кафе, и тоа да ја загрее чашата претходно, бидејќи знаеше колку сакам топло кафе.“ 

2. „Страдам од несоница. Секоја ноќ тој останува буден и ме чека да заспијам, за да се чувствувам безбедна.“ 

3. „Мојот свршеник треба да станува многу рано наутро. Сепак тој го навива алармот 15-20 минути порано, за да остане во кревет кај мене за да ме гушне. Го прави ова секој ден, дури и кога не сум се се разбудила.“ 

4. „Тој користи јавен превоз, за да можам да одам со нашиот автомобил на работа“. 

5. „Ја стоплува мојата страна на креветот пред да си легнам“. 

6. „Секој пат ми подготвува специјална вечера. Така е веќе 12 години“. 

7. „Секое попладне ми испраќа порака со забавна порака за да ме натера да се насмевнувам“. 

8. „Тој често им помага на моите родители кога им треба нешто“. 

9. „Ги извршува моите обврски после работа, за да се приберам право дома и да сум спокојна“ 

10. „Кога мојот свршеник забележува дека сум тажна, ми прави нешто слатко и тој седнува покрај мене на каучот додека не одлучам да го споделам она за што сум загрижена“.