Тие не плачат поради секој неуспех: 7 карактеристики на посакуваните жени

Добивај вести на Viber

Посакувано најчесто може да се дефинира како „вредно да се има или сака, одлично или фино...“ Секоја жена или маж кои сонувале за иднината најверојатно создале слика за тоа што најмногу сакаат кај партнерот. А повеќето жени веројатно посакале во некој одреден момент да бидат посакувани. И додека светот и понатаму непрестајно се обидува да ги открие карактеристиките на посакуваните жени, виестината е дека можеме само да негодуваме. Дефиницијата непрестајно ќе се развива. Меѓутоа, она што со сигурност можеме да го кажеме е дека посакуваните жени веројатно ги имаат овие седум карактеристики: Тие не трчаат по луѓе. Ним им е јасно дека тоа е губење време. Тие немаат време за нешто такво, бидејќи премногу се зафатени со создавање на подобар живот за себе. Тоа е токму она што жената ја прави посакувана-тој безгрижен, самоуверен став. Тие имаат контрола над своите емоции. Многу посакуваните жени нема да плачат поради својата пропадната врска или неуспех во животот. Наместо тоа, тие ги контролираат своите емоции. Тие не поминуваат време во „негодување“ на бескорисни емоции кои не им донесуваат напредок. Тие избегнуваат трачарење Тие своето време го поминуваат многу продуктивно, и се свесни дека трачарењето може да им наштети на сите. Трачеви, празни приказни и драма се резервирани за „ученичките“, а не за зрели, посакувани жени. Тие не бараат внимание. Таквата жена не поставува многубројни селфи фотографии и не ги менува статусите на врска на социјалните мрежи секој пат кога некој ја привлече или кога се заљуби. Таа не сака да ги оптеретува другите со такви тривијалности. Таа е позната и тоа за неа се зборува поради нејзините реални и значајни постигнувања. Таа верува дека на тој начин треба да се сврти внимание на себе, а не да се наметнува со постојани промени кои и се случуваат во животот. Тие имаат хоби Тие константно се обидуваат да станат што подобри во своите хобија и работи кои им помагаат да се развиваат. Свесни се дека хобито може да им помогне да го елимираат секојдневниот стрес и токму поради тоа и го искористуваат. Тие не ја губат својата личност кога се во врска Без разлика дали се рбаоти за врска ило брак, посакуваните жени не ја губат својата личност. Тие имаат свој живот кој ја надминува врската и не се држат грчевито до својот партнер. Тие донесуваат одлуки за тоа колку време е потребно за да и се посветат на врската и нејзините цели. Одлични се во комуникацијата Тие имаат јасни мисли, а тоа го покажуваат со изборот на зборови, без разлика на кој јазик ги изговараат. Самодовербата со која издишуваат додека зборуваат многу лесно ги освојува соговорниците. Нивната комуникација е заснована на логичност со вистинска мешавина од реалност и емоции.