Многу жени избегнуваат да користат руменило при шминкањето, бидејќи не се сигурни дали правилно го нанесуваат и дали ја избрале вистинската нијанса.
Постојат седум основни правила за примена на руменилото.
-Суво или камено руменило се нанесува со голема мека четка со долга дршка. Кремастото руменило е најдобро да го нанесете со сунѓер.
-Ако не знаете каде да ставите руменило на образите запомтете каде лицето обично покажува руменило. Оваа област е потребно да ја нагласите со прекрасни розеви нијанси на руменило.
-Кремастото руменило нанесете го преку дневната крема или подлога, а потоа со сунѓер (или прсти) размачкајте го.
-Ако лицето изгледа премногу темно во однос на вратот, нанесете малку руменило на кожата на вратот.
-За да се прилагоди визуелно преширокото лице, на обрзите ставете руменило во облик на триаголник, почнувајќи од коските на јаболчниците до аглите на усните. Ако се чувствувате исцрпено, нанесете малку руменило на челото , до работ на косата или над веѓите, во зависност од тоа кој дел сакате да го нагласите, но немојте да претерувате.
-Потребно е да ја нагласите природната линија и да го свртите вниманието на убавите делови на лицето со светло руменило. Недостатоците ќе ги скриете со темни нијанси. На пример, ако сакате визуелно да го скратите носот, применете темно руменило на неговиот врв, а ако сакате визуелно да ја зголемите брадата, нанесете со кружни движења светла нијанса на руменило.
И запомтете, експериментите обично доведуваат до неочекувани резултати, затоа не плашете се и не заборавајте на златното правило на шминкање-немојте да претерувате!