Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Анита Кипаризовска Крстевска: Ме буди прегратката на ќерка ми
Денот ми почнува со ќерка ми, гушкање со неа и нејзините раце околу врат, чувството кое најмногу ми фалеше на моменти кога бев повеќе со работни обврски во Скопје. Тоа ми е во овие моменти морам да кажам најубаво и навистина бесценето. Секако после е утринско подготу делење на обврски по дома, на сопругот (ха ха ха)…и тргнувам…
Ритуал - Утринско кафе со мојата стручна служба на работа, женски колектив (засега), женски муабети и теми бесконечни (ха ха ха), краток концепт за евентуални обврски од претходниот ден и секако, започнуваме со позитивна енергија за претстојниот работен ден.
Секој ден нови луѓе, нови работни задачи и обврски, ново професионално и животно искуство.
Мотивација- Нов ден, нов предизвик!
Ме мотивира среќата, насмеани и задоволни лица со мене и околу мене, успех и успешно завршената работа, новите предизвици, надминувањето на бариери, правда и правичност, воспоставување на некоја рамнотежа на нештата, иако е тоа релативно и тоа во работата, луѓето… Општо во животот кој ме опкружува, кој го живеам.
ЕДНОСТАВЕН ЧОВЕК СО ЕДНОСТАВНИ, НО МОЖЕБИ ТИЕ ЕДНОСТАВНИТЕ, СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ БАРАЊА ОД ЖИВОТОТ!!!
Денот ми завршува со семејството, најблиските, ослободена од обврските, одредени денови со пријателите на муабет, понекогаш на пешачење…Што би ракле ние, каде? Крај езеро - да си ги разбистрам мислите (ха ха ха).
Зависи од расположение и моментот, и добра книга и добар филм ме разнежнуваат, ме засмејуват, ме мотивираат… Но, во секој случај ме релаксираат!