Утринско кафе со Маја Ангеловска: Фокусирана кон успехот

Добивај вести на Viber

Денот ми почнува пред да се раздени. Се будам околу 05:30 часот и се подготвувам за мојот утрински тренинг во центарот Trinity, заедно со мојот личен тренер Катерина, која секој ден ми помага во усовршување на мојата фигура, па и прочистување на умот пред старт на работните обврски. Понатаму се движам кон бистро ’Здраво Живо кои за мене подготвуваат храна исклучиво од растително потекло и без глутен. Здравата исхрана, витамините и спортот се совршена комбинација за хармоничен ден. Ме мотивираат храбри, силни, истрајни, а истовремено едноставни ликови кои се мајстори во својата професија. Дел сум од еден прекрасен тим ВФП Осигурителна компанија АД Скопје и ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ - друштво за управување со инвестициски фондови. Секој ден е нова борба за најдобра понуда за избор на инвестиција, која најдобро одговара на потребите и очекувањата на клиентите. Благодарение на мојата работа како брокер, но и искуство во угостителството, секојдневно сум во контакт со различни типови на луѓе од кои учам по нешто ново, добивам позитивна енергија која ми дава елан за уште повеќе вложување во себе и придонес за околината… Имам среќа што имам одлични колеги со кои развив прекрасни пријателства за цел живот. Секојдневниот предизвик дека можам да бидам се подобра е моја најголема мотивација пропратена со искрена љубов. Денот ми завршува со убаво приготвена домашна вечера, спокој и топлина заедно со мојата љубов. Голем љубител сум на филмови и серии, а сакам да прочитам и по некоја добра книга. Во моментов ја читам „Мајстори на успехот“, која ја обработува токму филозофијата на животот кон која сум и јас самата насочена – кон успехот и кон хармонизација во сите сфери на човековото постоење.