Утринско кафе со Маја Казакова: Велоспипедот ми ја носи слободата

Добивај вести на Viber

Ранобудник сум, сама пијам кафе во тишина. Собирам сила, затоа што денот ми е исполнет со многу луѓе, музика и врева.

Ме мотивира велосипедот. Ме прави среќна, слободна како птица. И звучи неверојатно, но, средбата утринска со колегите. Со нетрпение чекаме да се сретнеме. Обично јас сум таа која што најмногу зборува.

Во детали.Во радио сум од 8.30 до 13 часот, тренинг, хор, и се разбира подготовки за утрешната емисија. Договори за гостувања. И ја прифаќам секоја непланирана средба за кафена. Петок е ден резервиран за внуците.

Ако нема некој добар концерт, уживам кога сум дома со менторот по музика, најчесто се приготвува вечера и пак јас имам нешто да раскажам.

Читам книги, сега (Мојата најдобра другарка од Елена Феранте). Без да трепнам ги гледам репортажите за Аљаска и обожувам квизови. Се разбира, филмовите се неизбежни.