Животна училница // Приказни
УТРИНСКО КАФЕ со Маја Муратовска-Чанговска: Ме мотивираат нови предизвици
- 06 Јануари, 2018
Гледам прва да станам наутро, да си правам кафе и барем 15 минути да си одвојам за себе и првото утринско кафе да го испијам сама во мир. Тоа се моите минути кои си ги давам на себе за да си ги средам мислите, направам план за денот и активностите што ме очекуваат. Многу ми значи првото кафе да ми е по мерка затоа што навистина уживам во вкусот и кога не ми е погодено исто како да не сум се напила кафе