Утринско кафе со Ненад Зивчевиќ: Ќерка ми ме буди со бакнежи

Добивај вести на Viber

  Можеби на некого ќе му звучи чудно, но денот ми почнува така што ќерка ми влегува во спална и ме бацува по цела фаца…Тоа е некој нејзин начин како таа замислила дека треба да ме разбуди. Утринското кафе го пијам со сопругата и чаша смути со ќерка ми. Нормално после појадокот.   Ме мотивираат целите кои си ги поставувам самиот на себе. Секој човек мора да има некоја цел, која ќе го турка напред и ќе го натера да биде уште подобар. Наутро секојдневно се истегнувам околу еден час. По појадокот одам во теретана или практикува индивидуален тренинг, а после тоа времето е резервирано за фамилијата. Во Катар сеуште е  топло, па  така на менито сигурна е прошетка во некој трговски центар или игротека, ручек, попладневна дремка, втор тренинг и дома на вечера Додека сопругата приготвува некоја фина вечера, јас и ќерка ми имаме ритуал на гушкање пред да прејдеме на заспивање. Сакам и книги и филмови. Читам многу и уживам во читањето. Во поглед на изборот на книга, тоа е  некоја модерна психологија или која било книга од Јелена Бачиќ Алимпиќ,  затоа што не е досаден писател. Од сериски филмови сум зависник. Big Bang theory е закон. *Ненад Зивчевиќ, професионален кошаркар