Утринско кафе со Филарета Атанасова: Уживам во првото кафе

Добивај вести на Viber

  Во работните денови станувам многу рано, некаде пред 6 часот и обично освен вода ништо не консумирам додека не појадувам. Најчесто сум на базен, пливам, потоа појадувам и првото кафе ми е некаде околу 9 часот со моите драги колешки на работа. Го сакам првото утринско кафе и уживам во него. Ме мотивира секоја насмевка, убаво ведро време, здрави дечиња, пливање, добар филм, добра книга. Во последниве години, биографии на познати личности и харуки мураками како посебен автор, ме мотивира и мудроста, љубовта, трпеливоста и поддршката од мајка ми и брат ми. Ме мотивираат моите убави другарки, а најмногу од сѐ ме мотивира љубовта која ја давам и ја примам без задршка.  Планот за денот, ми зависи од периодот во годината, од случувањата околу нас, канцелариската работа некогаш е напорна и монотона, бара многу ред, работа и дисциплина. Сепак, наоѓам секогаш време по напорниот ден да прошетам. Обично покрај кеј и тоа попладне, да седнам со моите другарки, да отидам на кино, да изгледам задолжително некое филмче секоја вечер. Тоа ме носи во друг свет, покреативен секако, па така и се опуштам. Денот обично го завршувам тивко со свесност да го одморам убаво телово и духот, со обични женски ритуали околу негата, а ако имам среќа вечерта, да има време човекот што го сакам, поминуваме време заедно. Ако е зафатен, а јас ја завршам вечерта сама, релаксирана сум и тивка исто како и рано наутро. Тие моменти ми се тивки и драгоцени и само тогаш ми треба и ја имам тишината. Секако сакам  и серии и филмови и книги, еве последната ја читам „Како ја изгуби невиноста,“ автобиографија на Рицар Бренсон и ми се допадна. Пред неа ја читав за Карла Дел Понте ...