Фамилијарни празнични денови–Задоволство или драма? Направете да биде незаборавно!

Добивај вести на Viber

Се приближуваме кон празнична сезона, полна со славење, размена на подароци и фамилијарни моменти. Заедничко поминатото време со фамилијата е прекрасно на повеќе начини. Но, исто така може да повлече незадоволство и помалку да не вознемири, враќајки не притоа на некои стари начини на однесување, особено доколку се најдете во просторија со луѓе кои вообичаено не би ги избрале за да поминете време со нив – одредени членови на вашата фамилија. За време на одредени настани како празнични денови и други настани кога вообичаено се собира поширокото семејство, работите можат да постанат навистина напнати. Ова не мора да се случи, но сепак прави смисла. Може да се појави притисок за да работите се одвиваат мазно, да биде забавно и незаборавно. Дополнително, сите имаат свои очекувања за тоа како сакаат да биде и секој ги носи своите проблеми и прашања и се држи до тоа. Може да се врати старата фамилијарна динамика од детството. Може да се најдете себе вклучени во ситни караници со вашите браќа, сестри, отварање стари рани, проблеми од минатото или кавги и судење околу политичките перспективи. Не само што се расправате за сегашноста, туку се расправате и за минатотото. А таму има толку многу ресурси...Многу брзо вечерата потенцијално може да се претвори во судница. Фамилијата најдобро знае како да ги стисне сензитивните копчиња, бидејќи тие се оние кои првенствено ги поставиле таму. Има еден цитат кој вели: “Ако мислиш дека си просветлен, оди и помини една недела со твојата фамилија.” И покрај тоа што знаеме дека во позадината стојат најдобри намери, работите потенцијално може да излезат од контрола. И повторно, никој не сака мизерни празници. Една од моите коучинг клиентки, непосредно пред да почнам да го пишувам овој текст, ме праша како да се справи со ова. И бидејќи се наоѓаше во саркастично расположение ги наброја сите начини како да има катастрофална Нова Година и Божиќ во кругот на своето семејство. Секако, беше целосно свесна дека треба да го направи спротивното. Без оглед дали сте вие критички настроени, сите го правиме тоа понекогаш, или некој од членовите на фамилијата е критичен кон вас, потребно е да сме искрени околу тоа, бидејќи тоа е прв чекор кон справување со критиките. Постојат повеќе начини и алатки кои можете да ги искористите во моменти кога седите со некој член на фамилијата и ви ја вознемирува вечерата, се чуствувате можеби поразено од тоа што вербално долетува кон вас..но се случува. Па доколку сакате да имате убави и пријатни празнични денови и да се појавите на фамилијарните средби со среќа и љубезност (а знам дека сакате) и доколку немате на располагање некоја успешна стратегија, можете да примените некоја од долунаведените техники кои во оваа прилика ги споделувам со вас. Можете да почнете со: Одлучете дека ќе имате одлично поминато време без оглед на се. Оставете другите да бидат тоа што се, а вие одлучете кој сакате вие да бидете. Една од техниките која мене ми е омилена и можете да ја направите доколку истата резонира со вас: Tивко (во себе) испратете позитивни мисли за сите. Пратете им убави мисли, посакајте нешто убаво за нив (можеби да бидат среќни за празниците, да им се случи нешто убаво и сл.) Овие мисли како израз на љубов ви даваат поинаква енергетска состојба, едноставно ве носат на друго повисоко ниво, бидејќи го пренасочуваат вашиот фокус од критиките кон мисли за нивните желби и благосостојба. Tивко, во вас посакајте им убави работи и пратете позитивни мисли - поединечно за секој член на семејството пред уште да се соберете на празничната трпеза. Бидете љубезни. Најпрвин, со вас самите. Потоа со другите. Колку тешко и да изгледа, постои нешто добро во секого.  Па така, можете да отидете и чекор понапред и да се фокусирате на оние работи кои ви се допаѓаат кај овие луѓе. Како да ги гледате прв пат преку “очила на љубовта”. На тој начин, кога замислуваме дека ги гледаме прв пат, ментално ги затвараме вратите кон минатотото и сме присутни во сегашноста. Земете момент и фокусирајте се на тоа што е навистина убаво кај таа личност во овој момент, едноставно што е убаво околу нив. И токму тоа пренасочување на вашиот фокус е се! И ќе забележите дека е тешко да судите кога сте креативни на ваков начин. Вие сте креаторот на вашето искуство. Никој не може да направи да се чувствувате на одреден начин. Тоа е ваша одговорност. И запамтете, не мора да одите J..секогаш имаме избор. Што и да одлучите, имајте најубави празнични денови, направете да уживате и бидете потполно свесни додека поминувате најубаво можно време! За Женски магазин, Зорица Поповска-Тренер и коуч