,

(ФОТО) КОГА ЖЕНАТА ВАКА СЕ ОБЛЕЧЕ, СЕ ЧУВСТВУВА МОЌНО: Формула за добар стил!

Добивај вести на Viber

Повеќето жени знаат дека класичните трендови кои мажите ги обожуваат се мини фустани, црвен кармин и штикли, но некои од овие тренди парчиња од листата навистина не ги очекувавме. Секако, секогаш најважно е да се облекуваме онака како што најдобро и најубаво се чувствуваме, но да го слушнеме мислењето на спротивниот пол секогаш не забавува, посебно кога се работи за парчиња кои мажите на нас ги обожаваат. Панталони кои личат на тренерки https://www.instagram.com/p/BYLU9vXjDKs/ Не, не мислиме на оние големи спортски долни делови на тренерки какви што носиме по дома, туку нивните модерни, елегантни варијанти. Сега супер популарни се спортските панталони со трака од страна, а на мажите во нив им изгледаме сјајно. Во принцип, на мажите им се допаѓаат парчиња кои оставаат впечаток како да се од „нивниот плакар“, а овие панталони се слика и прилика токму на тоа. Комбинезон https://www.instagram.com/p/BaY8jbNF4h_/ Нели комбинезонот е всушност машка варијанта на „секси водоинсталатор“, само во целосно поелегантна и модерна верзија? Кошула https://www.instagram.com/p/BW8XZPgAkpL/ Како кошулите на закопучување не се оригнално предвидени и замислени за телото со гради, многу често се случува низ копче да ѕирка кожа ... Треба ли понатаму да објаснуваме зошто кошулата на мажите им е навистина секси? Одело https://www.instagram.com/p/BaH7kHulk-s/ Оделото е секси, сериозно, и елегантно. Потсетува на холивудски сцени на секси шефица, а и познато е дека мажите сакаат да ги видат жените во „своја“ облека. Големи блузи https://www.instagram.com/p/BaW80uNg3KU/ На мажите им се секси бидејќи изгледаат многу опуштено и оддаваат впечаток дека девојката е прифатлива и нормална. Плус: секогаш сонуваат за тоа што носиме како долна облека. Ретро рокерска блуза https://www.instagram.com/p/BXKi2fxBhN4/ Иако мажите најчесто не ја разбираат женската мода и тренди парчиња, ретро маичките со принтови од рокерски бенд за нив има совршена смисла. Спортска облека https://www.instagram.com/p/BaYAoofh7zZ/ Да се прашуваат мажите, на личноста која измислила хеланки треба да и се даде Нобелова награда. Панталони со висок струк Што повеќе треба да се каже освен дека високоструктурираните фармерки и панталони совршено ја нагласуваат женската фигура, а задникот во нив изгледа фантастично. Ги сакаме и ние, ама и мажите. https://www.instagram.com/p/BaYbTEGFk6g/