,

(ФОТО) Стинг – концерт на годината во Македонија

Добивај вести на Viber

Македонија го доби концертот на годината. Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“, по повод истоимениот албум, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, легендарниот Гордон Самнер ака Стинг.   Придружуван од Доминик Милер на гитара, Џош Фриз на тапани и Руфус Милер на гитара, Стинг ја растрепери македонската публика. Негов специјален гостин е синот Џо Самнер, кој настапува со свое шоу како предгрупа на целата турнеја. Стинг на публиката и ги подари своите легендарни хитови, облагородени со материјалот од новиот албум. Легендарниот музичар неодамна го прослави својот 65 роденден, онака како што доликува на една вистинска легенда, на концерт со својата публика. Својата енергија ја одржува благодарение на виното кое сам го подготвува, но и јогата на која е комплетно посветен.