,

(ФОТО) Џенифер Лопез ги нагласи облините во два женствени стилови

Добивај вести на Viber

Ако некој може да ги изнесе своите облини на начин истовремено да изгледа елегантно и привлечно, наместо пренападно или вулгарно, тогаш тоа е Џенифер Лопез. Џеј Ло може да се пофали со раскошни облини, но и препознатлив моден стил кој со години стануваше нејзин заштитен знак. Тесните фустани и здолништа во пенсил крој Џеј Ло со причина обожава да ги носи. Освен што ја нагласуваат нејзината фигура на песочен часовник, оставаат впечаток на женственост и деловна елеганција. Една таква комбинација носела неодамна во Њујорк каде моментално го снима својот нов филм  'Second Act' на режисерот Питер Сегал. 48-годишната убавица за потребите на снимањето е облечена во елегантен миди фустан, кадифено сако и златен ремен кој дополнително ја истакна нејзината витка полвина, и бели штикли комбинирани со сива деловна торба, а стајлингот го зачинила со тренди обетки и висока пунџа која се сложувала со малку посериозниот стил на парчиња облека. Во многу слично издание Лопез можеме да ја видиме и во приватниот живот. Славната убавица редовно носи деловни модели на торби, шпиц штикли и пунџи, а кружните обетки речиси и да не ги симнува. Од деловниот имиџ, Џеј Ло за потребите на наредните сцени се пресоблекла во нешто поинаков стил од оној што обично сака да го носи во слободното време. Убавицата на улиците во Њујорк шетала во краток colorblock фустан со „А“ крој кој на убавата пејачка одлично и „легна“. Иако не сме навикнати да ја гледаме во вакво издание, ќе признаете дека Џеј Ло би можела почесто да носи фустани како овој. Ако ја изоставиме црната кожена јакна, убавицата продолжила да го сложува изгледот во ведар тон. Нежно розеви штикли и тиркизна торба одлично се вклопија во овој разигран младешки стил.