Човек може да се умори од се, но не смее да се откаже од се!

Добивај вести на Viber

Може човек да се умори и од самиот себе, да се умори од своите планови и визии, да се умори од своите соништа, желби и желбички кои никогаш не ги остварил а толку силно ги посакувал, може да се умори од се она што со години на себе го градел, но не смее да се откаже од себе. Може човек да се умори и од односите со другите, средби кои не биле искрени, заедништва во кои секој покажувал некое друго лице, односи кои не биле плодоносни, но не смее да се откаже. Може човек да се умори и од претворање во нешто што не е, од докажувања на другите во било кој сегмент од животот, од обидот да биде прифатен па макар морал немилосрдно да се прилагодува на се и секој, но не смее да се откаже. Може човек да се умори кога на другите им верува премногу, кога се дава премногу, кога сака премногу, и кога на крај забележи дека сам страдал најмногу, може од се тоа да се умори, но не смее од се да се откаже. Може човек да се умори кога животот стане тежок и кога за сите тие предизвици кои претходно ги решавал низ шега сега мора доста да се намачи, може да се умори од не снаоѓања во светот кој целосно се променил, од сознанието дека животот бил и останал место во кое секој гледа само свој интерес и дека вистинскиот пријател и вистинска љубов треба да ја бара, може да се умори од сите зборови кои ги рекол, сите дела кои ги направил, но не смее од се да се откаже. Може човек да се умори кога сфати дека многу од тоа се обидувал а малку од тоа успеал, кога забележи дека помалку луѓе кои одат со него, забележувајќи дека некои го надминале или се оттргнале зад него, се умори човек кога животот не возврати со иста мера која тој ја дал и кога види дека нема сила, не само повеќе за позитивни мисли туку за било какви. Се умори човек од многу работи во животот, но знае едно, ако се откаже од се, дури тогаш е се готово.