Семеен Албум,
Семеен Албум
ЧУДНИ ТРЕНДОВИ: Не галете, и не бањајте ги децата, но ставете ги во кафез
Изгледа дека денес секој има своја визија на родителство и како тоа би требало да изгледа . Сите барем еднаш сме слушнале некој крајно чуден или во најмала рака необичен совет, но дали некогаш сте се запрашале како родителството изгледало некогаш во други земји?
Пронајдовме неколку необични примери од минатото кои ќе ве изненадат, а некои од нив веројатно денес би биле осудувани од страна на јавноста, па можеби и казнувани.
Без галења, молам!
Денес сите се трудиме што повеќе нежност да размениме со децата, но некогаш тоа се сметало за непосакувано. Во почетокот на 20-ти век родителите се труделе децата, па дури и бебињата , да ги допираат што помалку , бидејќи сметале дека премногу нежност ќе ги разгали. Дури се препорачувало родителите целосно да избегнуваат гушкање и бакнување на своите деца.
Избегнување на „меки“ имиња
Нема да верувате, но на родителите некогаш им се препорачувало на децата да им даваат силни, звучни имиња, како би пораснале во силни личности . Што и да значело тоа ....
Кафези на прозорците
Во текот на 30-тите години на 20 век експертите за родителство биле толку опфатени со барањето децата да имаат што повеќе свеж воздух што оделе во целосна крајност - измислиле кафези. Овие направи биле монтирани на прозорците, а во текот на престој во нив детето буквало висело од надворешната страна на зградата.
Нека плаче
Детето непрестајно плаче половина час? Нема потреба да приоѓате, само продолжете по свој пат.
Не патувајте никаде
На трудниците им се препорачувало да избегнуваат секаков вид на патување, дури да не седат во автомобил. Тоа довело до тоа некои од нив со недели, а можеби и месеци да лежат во кревет.
Бебето оди меѓу багажот
Ако некаде планирате да патувате со бебе, сместете го меѓу торбици. Зарем! Оваа иновација ви овозможува целосно безгрижно да патувате, дури и да заборавите на своето дете додека не стигнете на посакуваната дестинација. Бидејќи што би можело да му се случи?
Прескокнете капење
Во текот на 70-тите години на минатиот век родителите се охрабрувани децата да ги капат само два пати неделно. Не сакаме ни да замислиме на што личело тоа.