Уште не одлучивте што ќе облечете за дочекот на нова година?
Нема место за паника - ви го донесуваме стилот на Ава Гарднер во кој ќе блеснете во најлудата ноќ. Оваа холивудска дива имаше префинет вкус, а и вие секогаш можете да се одлучите за една од нејзините комбнации: црна тоалета од тил, големи обетки во стил на дијаманти и задолжителна бисерна нараквица. Оваа комбинација ќе ви донесе привлечен, но суптилен изглед.
За да додадете малку новогодишен сјај, облечете штикли во метал боја, ташна во облик на плик и нанесете кармин со боја на фуксија.
Ефект: Сигурно сите ќе ве забележат, а мажите дефинитивно ќе се вртат по вас.