Семеен Албум,
Семеен Албум
Што може да направат родителите за нивните деца да останат блиски и кога ќе пораснат
Кога се мали, неразделни се. Браќата и сестрите си играат, гушкаат, мазат, смеат, радуваат и уживаат во заедничко дружење. Понекогаш, секако и се караат, но тие несогласувања не траат долго и брзо ќе си простат и повторно ќе си станат „другарчиња“.
Секој родител сонува децата засекогаш да останат најдобри пријатели .
Но, често се случува децата кога пораснат, секој да тргне по свој пат, да се оддалечи, различни погледи во ставовите и вредностите, или се скараат и воопшто не разговараат. Тоа на родителите тешко им паѓа и не можат да најдат одговор на прашањето зошто нивните деца како возрасни луѓе повеќе не се сакаат, не се поднесуваат, не чувствуваат поврзаност и љубов.
Причините се повеќе и зависат од многу фактори.
Важно е како родителите ќе се постават зад детските судири и кавги
Проблемите во односите меѓу браќата и сестрите кога ќе пораснат еднаш, веројатно имаат свои корени во нивното детство.
Едно од нив може да мисли дека родителите најчесто ги бранеле, казнувале и посветувале повеќе внимание на својот брат или сестра. Овие чувства се почесто застапени кај постарите деца или најстарото дете, бидејќи можеби често го извлекувало пократкиот крај во конфликтите со помладите браќа. Ним почесто им се зборувало: „Треба да бидеш постарии попаметен“, „гледаш дека тој е мал и не можеш така да се однесуваш кон него“ и слично.
Затоа експертите ги советуваат родителите да се обидат да бидат што понеутрални и да се воздржат од осуди и критики. Ако децата се караат најдобро е да се вмешате како медијатор и да им помогнете да воспостават нормален дијалог без осудувања и заземање страна. Ако се тепаат треба веднаш да ги прекинете, да ги разделите и да им пратите јасна порака: „Во нашето семејство нема тепање“ (и не ми е гајле кој почнал прв и кој е виновен).
Исто така, родителите не треба многу да поттикнуваат тепање, ниту пресериозно да ги земаат обвинувањата во тие тепачки.
Нивните караници не траат долго, па ни замерките. Важно е да не фаворизирате ниту едно дете. Ако едното секогаш ви кажува „Секогаш јас сум виновен и јас настрадувам“, земете си минута и размислете дали има малку вистина во тоа.
Важно е родителите да ги почитуваат различните карактери на своите деца
Често односот помеѓу браќата ќе биде силно одбележан со нивни карактери кои секогаш се различни, а посебно ќе излезат на виделина кога пораснат и почнат да донесуваат сопствени одлуки и да градат зрели одлуки со луѓето од околината, па така е и со браќата.
Родителот треба да ги препознае тие единствени карактеристични темпераменти кај секое дете, почитувајќи ги и да не ги споредуваат децата и нивните успеси, доблести и весштини или пак маани и недостатоци.
Важно е родителите да воспостават рутина, правила и граници
Чувството на непристрасност и праведност може да се воспостави и со помош на правила кои вредат за сите исто и кои мора да се почитуваат. Децата така едно со друго ќе се потсетуваат да се држат до договореното, но многу е важно до договорот да се држат и родителите.
Сите договорени казни за непочитување на распоред или договор треба да се применуваат правилно.
Во таков „состав“ децата многу брзо ќе станат сојузници и партнери и тоа чувство на заедништво може да се поднесе и во возрасен период.
Foto: Pixabay