Животна училница // Приказни
ШТО СПОДЕЛИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА ЖЕНСКИ МАГАЗИН: Интимните приказни на познатите во 2017
Ексклузивно за „Женски магазин“, повеќето од домашните и дел од балканските ѕвезди споделија свои интимни приказни. Во трите месеци колку што постоиме, јавните личности ни ја дадоа својата доверба раскажувајќи дел од својата приватност за нашите читатели. Како новогодишна честитка и желба соработката да продолжи уште подобро во Новата 2018 година, ви пренесуваме дел од нив.
Дани Димитровска- Моите родители само имаат оштетен слух. Преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии. Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат.
Здравко Чолиќ- Забавно е да си татко на тинејџерки. Уна Звездана (16) е сега во фаза кога сака многу да излегува. Сака клубови. Се трудам да ја разберам, и велам дека се доаѓа во свое време. На Лара (11) допрва ќе и дојде тоа време.
Димитар Андоновски- Загубата на мојот татко беше голема загуба на моето семејство. Јас бев дете и нормално ми беше многу тешко затоа што чувствував голема потреба за неговото присуство. И по толку години се уште е доста болна и за мене и за целата фамилија. Би сакал старите рани од минатото да ги оставам таму некаде и да не се сеќавам на нив веќе.
Елена Стефановска- Мажот не е супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности.
Елена Ристеска- Ме радува фактот дека предизвикав толку внимание што за момент заборавија на политика, изборите никој не ги спомнува. Толку многу се смеев на тоа колку човечката наивност може да достигне во крајности, и тоа ми беше најзабавно.
Хелена Роза- Тоа што ме паметат по мојот сексапил не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку најверојатно не би ги правела тие фотографии. Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода.
Ирена Спировска- Мајка ми почина од рак на дојка кога имав 10 години. Знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за селото семејство. Сочувствувам со сите оние кои водат борба со ракот.
Јана Бурческа- И да не се случеше објавата за мојата бременост и запросувањето, истите луѓе ќе најдеа нешто друго за што ќе коментираат. Бев запрепастена од способноста некој да упати толку подли пораки за толку убава вест, а уште полошо, имаше коментари кои се однесуваа на тогаш нероденото дете.
Јана Стојановска- Моите спомени за татко ми (Ненад Стојановски) се само добри. Освен, кога се вљубив во осмо одделение, тука малку полуде, ама „ин генерал“ имаше многу добри совети. Се сеќавам како вчера да беше: Седнат на трпезариската маса, со кафе, цигари и текст пред него, како учи текст.
Каролина Гочева- Ние воопшто не се ни трудевме да држиме нешто за свадбата во тајност, ниту некому сугериравме дека не смее да каже било што. Тоа што ништо не се дозна до последниот ден е само знак дека нашите пријатели добро не познаваат.
Лила Стојановска- Се шегувам најчесто на сметка на бракот, затоа што имам два зад себе. Да бидам искрена, не се гледам себе си мажена по трет пат, тоа не ми е потребно. Но, во секоја шега има и половина вистина, затоа знам да кажам: можеби некогаш или никогаш не вели никогаш.
Љиљана Петровиќ- Најмногу ми остана во сеќавање прекарот тетка Биберче, како што Тоше ме нарекуваше. Тој прекар и денес знае да ми измами насмевка. Ми недостига и неговата насмевка, се разбира.
Љупка Наскова Љубисављевиќ за покојниот сопруг Дуле од дуото Дуле и Коки- Многу тешко се справував со загубата. Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно. Пешачев секој ден по 20 километри, плачев по улиците и не знаев од каде да почнам.
Матија Дедиќ- Ќерка ми Лу и татко ми, Арсен беа специфично поврзани. Многу ми е жал што татко ми не беше со нас бараем уште неколку години. Му беше доста и самиот се реши да ја приведе својата приказна кон крајот, како што тој сакаше да каже.
Мијата- Кога ќе речеа дека контролор на летање не е повик за жена, мојата феминистичка природа се бунеше. Меѓутоа кога морав да дојдам да одработам 2 часа на фреквенција 10 дена по породување со царски рез, сфатив што сакале да кажат. Секоја контролорска дозвола за да биде активна има минимум часови што мора да се одработат во извесен временски период. Тој правилник нема ставка „породилно отсуство“.
Наде Талевска- Многу сум разочарана од валканите игри што се играат во поп-музиката, па затоа решив да се повлечам. Таа сцена не ме заслужува! Оние кои го сакаат моето пеење и ја почитуваат мојата работа, ќе имаат можност да ме гледаат и да ме слушаат на сцената на МОБ.
Панчо од ДНК- За Маја можам да кажам дека се грижи перфектно за децата и имам само пофални зборови околу тоа. А за муабетите дека се разведуваме, мислам дека чаршијата треба да си ги гледа своите проблеми или да слуша повеќе македонска музика и да ужива во животот.
Пеце од „Суперхикс“ - Брат ми беше најголемиот мој херој и борец кој за жал за загуби битката со ракот, но свесен беше што остави зад себе и тоа мислам дека го водеше храбро до крајот. Остави стотици сликарски дела, цртежи, портрети, графики кои ги изработи и со кои наскоро спремам една голема изложба од хуманитарен карактер.
Ребека- Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. И покрај високите сомнежи, ние одлучивме тој да продолжи да живее. Го гледате детето пред вашите очи како се бори за живот и барате терапија која ќе му ги сопре нападите, зашто епилепсијата го уништува мозокот и секој следен напад го доживувате како да ви зариваат нож во срцето. На два пати Маркијан за малку ќе го изгубевме.
Коки за Дуле- Моите чувства не ги искажував во јавноста. Но, требаше да се продолжи како на музички план така и на приватен. Нормално тука беше моето семејство, моите родители, пријатели и семејството Љубисавлевиќ.
Роза Мојсовска, уметник- На седум годишна возраст, рацете ми беа оперирани и не можев ништо да правам. А беше Денот на жената, осми март. Тогаш сите деца цртаа честитки за празникот, а јас не можев. Со мојата желба и јас да направам нешто, ја зедов боицата во уста и нацртав цвет.
Сара Мејс- Димитар е „најдобар“ во повеќе категории. Мојата најголема инспирација, љубов и поддршка. Способен и разбран. Умен и убав. Вљубеник во природата и животните. Интересен и забавен. Незнависно како и да го поминуваме времето заедно, многу е лесно и прекрасно кога си вљубен во оној кој најмногу те смее!
Слаткаристика- „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство Тоа е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее. За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот штотуку покоен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене.
Весна Бејби- Се борев точно осум месеци, одев на секое рочиште, гледав право во очи, ги издржав беседите на одбраната (за која патем ви треба челични нерви) и само си зборував сама на себеси дека ова го правам за Мина и за сите други дечиња кои биле жртви. За педофилијата не се зборуваше во ова општество, а предатори околу вас еден тон.
Зоран Џорлев- Се изнаслушав и изначитав се и сешто по социјалните мрежи за мене, но свесен сум за одредени аспекти во човековата природа, како и за фактот дека покрај сувото гори и суровото. Но, факторот време работи независно од било кој и ќе ги изнесе работите на свое место.
Кристина Арнаудова- Вистината е дека жените овде се третирани како робови, иако заработуваат многу често и повеќе од мажите. Овдешните мачо типови жените ги третираат како чистачки, бебиситерки, готвачки, потрчковци, додека јаките мачо мажи доаѓаат од работа и си ги креваат нозете на фотелја пред нив.
Игор Џамбазов- Во последните петнаесетина години имав такви понуди од политички партии, кои ако ги прифатев немаше да морам да работам ништо со години. Тоа се суми од кои на обичните граѓани ќе им се заврти во главите. Но, останав доследен на мојата конечна одлука. Поважен ми е мирот, отколку полното ќесе.
Жељко Јоксимовиќ- Јована и јас се трудиме вниманието рамномерно да го распределиме на децата, и да не се врти се околу близначките, затоа што Коста е се уште многу мал. Во секој случај, весело ни е. Журката е главно во текот на појадокот, тоа треба да се доживее. Тешко ми е да раскажам. Денот поминува брзо, ноќта нешто побавно.
Душко Георгиевски- Моите родители загинаа во сообраќајна несреќа, кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќаа од одмор. Имав 11 години. Мене и сестра ми не оставија дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината. Тоа беше еден трогателен настан, во еден миг да немате кому да кажете мамо и тато.
Жарко Лаушевиќ - Последната ноќ на Балканот во 1994 година, пред да бидам осуден на затворска казна од 15 години поради пресудата за двојно убиство, ја поминав во Скопје. Една од работите кои судот ми ги заплени беше и сценариото за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Кога по пет години излегов од затвор, ми го вратија сценариото за филмот. Ја немав таа среќа да заиграм во него, но Раде Шербеџија одлично ја одработи својата задача.
За Женски магазин, Милица Џаровска