„Лудак као ја“ беше воведот во извонредниот концерт на Јоксимовиќ. Во преполната сала Борис Трајковски во атмосфера полна со искри и убави емоции, се разлеа комбинација од неговите стари и нови хитови.
Јоксимовиќ уште еднаш потврди дека има одлична конекција со публиката која пееше и танцуваше заедно со него во еден глас. Во атмосферата во која се разлеваше убавата енергија, која пак совршено се надополнуваше со светлосните и сценски моменти, тој беше диригентот кој преку своите песни, разговараше со обожавателите. Како што и самиот спомена, во Скопје го имал најголемиот концерт. Токму и затоа несебично и се предава на оваа публика.
Ги пееше своите стари и нови хитови, сето она што публиката го сака. Во живо ја претстави и песната „Милиметар“, за која откри дека предизвикува воодушевување ширум регионот, што го прави многу среќен.
На концертот, Јелена Томашевиќ беше негова гостинка. Заедно ја испеаја Ој Вардаре