ЉУБОВНА ПРИКАЗНА, НИКОЛЧО И РОСАНА ЈАНКОВ: Само пред Коки и пред татко ми стојам мирно

Добивај вести на Viber

Се запознале пред 16 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Дуле и Коки и гостувале во емисијата „Утринско огледало. „Таа средба беше професионална и искрено од оваа дистанца никогаш не би помислила дека Коки ќе ми биде сопруг“, раскажа Росана Јанков, портпарол во АМСМ, сопругата на музичарот Никола Јанков-Коки за почетоците на нивната љубов.

[caption id="attachment_7345" align="aligncenter" width="636"] Можеби ќе имавме и 3 деца, но мојата желба ми се исполни и Лара е синергијата која му дава смисла на нашиот живот засега. - Лара, Росана и Коки[/caption]

Во моите очи тие беа ѕвезди, а јас млада девојка која амбициозно си ја почнува својата кариера. По неколку години на иницијатива на мојот братучед излеговме со него во дискотеката „Б2“ каде што свиреа Дуле и Коки. Само што влеговме во диското, забележав едно многу убаво момче, ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед. Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав. Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: Здраво. Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа точно 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство и во заедничко воспитување на нашата среќичка, Лара“, раскажа Росана за Женски Магазин. Осумгодишната Лара е музички талент исто како и татко и, и таа свири виолина. Завчера, таа го имаше првиот јавен час во концертната сала во нижото музичко училиште Илија Николовски-Луј.

[caption id="attachment_7350" align="aligncenter" width="632"] Осумгодишната Лара е музички талент на тато Коки, завчера таа го имаше првиот јавен час по виолина во нижото музичко училиште Илија Николовски-Луј[/caption]

„Она што ме импресионираше кај Коки беше тоа што тој беше и сè уште е одмерен. Како што велат старите: еден збор-еден алтан. Мудрите луѓе молчат. Трпелив, упорен, кога ќе постави цел или ако нешто сака тоа сигурно ќе го направи само зависи од факторот време. Човек со енергија, амбиција, и ден денес ме држи цврсто до него. Тој за мене е човекот кој ме учи во животот, и само тој знае да го скроти мојот темперамент и да влијае на мене. Само пред него и пред татко ми стојам мирно, е тоа е тоа“, продолжи Росана за она што го сака кај Коки.

[caption id="attachment_7344" align="aligncenter" width="633"] Во најтешкиот период, тука беше моето семејство, моите родители, пријатели и секој еден кој искрено знаеше што точно се случуваше последните 20 и повеќе години. - Коки[/caption]

Приказната за љубовта на Росана и на Коки продолжува со нивната свадба која се случи на 21 септември во 2008 година, за која Росана вели дека не била свадба, туку бајка.

„Сонував дека кога ќе бидам невеста, венчаницата да си ја купам од Канада или од Америка. Коки и јас во мај-јуни отидовме на еден месец во Канада, и од таму купивме се што ни беше потребно за свадбата, а свадбата не беше ни закажана. Коки предложи да ја направиме во септември. Во Александар Палас на 21 септември се случи најубавиот ден во мојот живот. Свадбата ја имав испланирано до детаљ. Колегите на работа се смешкаа зошто им беше нешто ново. Сакав да имаме свадба како што беа оние во Америка. Коки организираше се до совршенство, имавме 450 гости, меѓу нив беа и моите најсакани роднини од Америка кои специјално дојдоа за свадбата, мојата тетка која ми го донесе чадорчетотефтерот за запишување пораки. Навистина беше како од бајка, со белите гулаби од матично, кочијата. Коки ја отпеа „Учи ме мајко карај ме, како да ја земам Росана“, а во салата влегов со татко ми. Се беше многу романтично, исполнето со многу емоции. Бев прекрасна невеста, преубава. Забавата беше фантастична, многу гости, пријатели, музиката си го направи своето, Дуле и Коки направија посебна забава. Едноставно имавме необична свадба за тоа време и немаше кој не беше воодушевен“, раскажа Росана.

[caption id="attachment_7348" align="aligncenter" width="518"] Свадбата беше бајка, со белите гулаби од матично, кочијата. Коки ја отпеа „Учи ме мајко карај ме, како да ја земам Росана“, а во салата влегов со татко ми. - Росана и Коки на венчавката во 2008 година[/caption]

Таа вели дека за да опстои романтиката во една врска се потребни двајца. „И двајцата сме романтични, секој на свој начин ја искажува својата љубов. Околку изненадувањата, Коки тоа совршено го прави, јас сè уште можам да учам од него во тој дел“, додава таа.

Сака се што е убаво и модерно, имам забележано дека иако е мала веќе има изградено свој стил на облекување, се разбира дека за тоа најмногу јас сум „виновна“. Моја животна желба беше ќерка единка. Да беше обратно можеби ќе имавме и 3 деца, но мојата желба ми се исполни и Лара е синергијата која му дава смисла на нашиот живот засега, за во иднина, здравје“, ни раскажа Росана за своето семејство.

[caption id="attachment_7349" align="aligncenter" width="633"] Она што ме импресионираше кај Коки беше тоа што тој беше и се уште е одмерен. Како што велат старите: еден збор-еден алтан. - Росана и Коки[/caption]

Пред два месеци, само неколку дена по четиригодишнината од смртта на вокалот на дуото Дуле и Коки, Душан ЉубисављевиќКоки со својата група „Тајфата“ ја промовираше „Песно стара“ и емотивниот спот за неа. Во видеото, се раскажува за почетоците и успесите на двајца млади музичари и другари. Приказната почнува од добивањето на првата фестивалска статуетка, (Макфест), преку заедничкото возење на свирки во сината Дијана, се до самиот крај, кога еден од актерите останува сам во автомобилот и се сеќава на другарот кој веќе не е до него. Целиот спот потсетува на животот на легендарното дуо, Дуле и Коки.

Коки додаде дека авторот Венко Серафимов е човекот кој несебично застанал зад него, во тој емотивно критичен период кога починал Дуле.

„Моите чувства не ги искажував во јавноста. Но, требаше да се продолжи како на музички план така и на приватен, а сето тоа медиумите да го препознаат како музички правец во којшто јас преку музиката треба да продолжам да функционирам. Нормално тука беше моето семејство, моите родители, пријатели и секој еден кој искрено знаеше што точно се случуваше последните 20 и повеќе години. Да не го заборавам Ивица Јорданов, Дејан Георгиевски – Ѕене, момците од Тајфата (Сале, Далибор Гошиќ – Даки) и семејството Љубисавлевиќ. Медиумите секогаш знаеа да ги одберат вистинските реченици во моите интервјуа, бидејќи луѓето имаа потреба да ја слушнат приказната која трае толку години и приказната која допрва ќе се раскажува“, ни изјави Коки за тешкиот период, по загубата на својот другар и соработник.

Следната година, тој со неговиот бенд „Тајфата“ планира да промовира нов албум. Освен албумот, „Тајфата“ ќе се направи и концерт, во кој, како што вели Коки: „Секој ќе си го заземе своето место како од горе споменатите луѓе така и медиумите. Однапред ви благодарам.“

[caption id="attachment_7342" align="aligncenter" width="639"] Се грижам за тоа да биде вкусна храната, пастрмалијата, ребрата, скарата на ќумур, домашните пити, домашната кујна и нормално за топлата атмосфера. - Коки подготвува пастрмајлија во новиот ресторан[/caption]

Дуле и Коки освен како успешни музичари беа познати и како добри угостители во својот ресторан „Балканика“. И двајцата, особено Дуле знаеја да влезат во кујната и за гостите да подготват вкусна штипска пастрмајлија. Со угостителскиот бизнис, Коки продолжи сам минатата недела, повторно подготвувајќи го специјалитетот на својот роден град.

Како што можевте да проследите, во периодов се отвори култното место Кригла кое се наоѓа на булеварот каде се сечат Климент Охридски и Илинденска, каде што јас го преземав менаџментот. Се грижам за тоа да биде вкусна храната, пастрмалијата, ребрата, скарата на ќумур, домашните пити, домашната кујна и нормално за топлата атмосфера. Знаете музиката и вкусната храна одат заедно.“, ни изјави Коки.

За Женски Магазин, Милица Џаровска