ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ЛИ ТРАДИЦИЈАТА: Некогаш праќавме честитки од срце, сега смс порака

Добивај вести на Viber

Во стариот куфер на спомени и носталгија, меѓу старите фотографии и стари документи, свое место стрпливо, од година во година заземаа и Новогодшните честитки. На блиските, пријателите, и колеги, внуци, другарчиња во клупа, за секоја Нова година им посакувавме се најдобро со хартиени новогодишни честитки праќани преку пошта (или пред врата сами ќе ја оставевме), а сега воглавно со порака или мејл. Се почна во дворот на кралицата Викторија, иако е интересно дека новогодишните пораки на Јосип Броз обележаа една епоха. Како почна се? Обичајот на сјајна новогодишна честитка е пагански и потекнува уште од времето на древна Кина, кога желбите за добро здравје се разменувани во текот на пролетен фестивал, односно прослава на кинеска Нова година, а новогодишните графики ги украсувале домовите. Во стариот Египет, желбите се пренесувани во ролни од папирус, а во Европа честитките се појавуваат во почетокот на 15 век во техниката на дрворез, на рачено изработена хартија. Првата печатена честитка настанала дури во 1843 година во Лондон, по порачка на Хенри Кола, првиот директор на „Музејот Викторија и Алберт“. На познатиот писател и новинар му досадиле дотогашните обичаи, исцрпувачки и скапи посети на роднините и пријателите и непосредно изразување на најдобри желби по повод божиќните празници, па членот на Кралската академија Џон Калкот Хорси го замолил рачно да му наслика честитка на која е прикажано семејство собрано околу празничната трпеза. Историчарите по уметност се потсетуваат дека тогаш веднаш реагирала и самата кралица Викторија, наредувајќи да се направи серија слични илустрации. Така се почнало. -Со напредокот на технологијата, изумот на литографија и развој на поштенски систем, честитките им стануваат достапни на сите и претставуваат вообичаен начин на искажување на убави желби за новогодишни и божиќни празници ширум светот. Мотивите на честитките, покрај оние вообичаените, како што се Дедо Мраз и украсена елка, ги следеле и актуелните настани, како што е случајот и со модата. Исто така често биле цртани и прасиња, што требало да симболизира богата празнична трпеза. Како куратор на Музејот на југословенската историја, на Ана Павиќ од соседството низ раце и поминала збирка која на некој начин ја обележала ерата на владеењето на Јосип Броз Тито 1945-1980. -Честитките кои Броз ги примал и праќал во тој период прават вистинска мала историја на желби во втората половина од минатиот век и од заборав чуваат едно време. Му ги испраќале највлијателните државници од тоа време, но и некои сосема обични граѓани. Додуша, се тоа било организирано и однапред подготвено. Сепак, протоколот на Тито функционирал беспрекорно и секој кој би прател честитка добивал како одговор благодарница. Во споменатата збирка се и телеграми и официјални честитки на претседатели од многу земји во светот, со нивни потписи, како честитки од Белата куќа од Жаклина и Џон Кенеди, Џими Картер, Линдон Џонсон, честитките на Леонида Брежњева, Фидел Кастро, Џорџ Помпид, Сандра Пертинија, Елена и Николај Чаушеску, Ида Амина, Насер, Хо  Ши Мин, како и разни царски и кралски семејства, па потоа папата Јован Павле Втори.. Посебен курозитет претставуваат оригиналните ракописи кои Тито им ги праќал на Сталин, Черчин и Рузвелт, честитајќи им нова 1945 година. Новогодишните честитки полека заминуваат во историјата. Пораките и мејловите, поддржани со моќните мобилни телефони и брз интернет, незадржливо ги туркаат старите обичаи во заборав, максимално скратувајќи го патот на најубавите желби од праќачот до примателот. Но, нели Сер Хенри Кол, од почетокот на нашата приказна, сакал да заштеди време кога ја нарачал првата изработка на честитка? Изминатите 170 години го направија своето. Нова година без честитка е речиси исто како елка без украси!  Дали вие праќате Новогодишни честитки? Кога последен пат на  некој му испративте честитка, а кога последен пат добивте од некого честитка за Нова година? Не, не мислиме на оние по пат на смс порака, ниту честитки од различни сајтови! Мислиме на оние вистинските, стари добри честитки без кои до неодамна Нова година не можеше ни да се замисли! Денес, се поретки се и тезгите на кои може да се најде релативно скромен избор на новогодишни честитки. Луѓето некако се оддалечија од овој убав обичај, бидејќи полесно им е да запамтат е-маил адреса, отколку домашната, па маркици, па чекање ред во пошта, ... го разбираме сето тоа, но сепак ништо не може да го замени она чуство кое повозрасните генерации го имаа , како деца посебно, кога поштарот во деновите пред Новата година ни носеше по некоја честитка од роднини, пријатели, соседи. Веднаш си наоѓаа посебно место под елката. Денес тоа речиси и да го нема, но и да го има во многу мала мерка. Можеби тоа е само уште еден показател за отуѓување меѓу луѓето. Искрено, како што минуваат годините, се губат и сите оние еуфорични расположенија околу дочекот за Новата година, некако силните обрвски и проблеми ја гушат радоста и празничната атмосфера! Ние ете, уште немаме чуство дека е Нова година за пет дена, не знаеме како ви е вам? Од се, најмногу ни недостигаат и честитките, тие неколку зборови во нив, таа емоција која со честитката заедно е запакувана во пликот. Без нив Нова година е речиси исто како елка без украси!  Вака изгледаше првата комерцијална Новогодишна честитка.
 
Како што минуваше времето стануваа се поинтереси и помодерни. Се сеќаваме на некои од нив.   Ирена Сатаврова