20 дена за вечера јадела само печена тиква: Резултатите се неверојатни
Русинка на социјалните мрежи го сподели своето искуство со печена тиква. Јадела парче печена тиква 20 дена за вечера и еве што се случило со неа.
"Никогаш не сонував за толку брз ефект! Значи, јадев печена тиква главно за вечера. Ја лупев кората, ја исекував на парчиња и ја печев во рерна. Кои промени се случија кај моето тело?
Прво, јас бев многу среќна со губењето на тежината - за ова време успеав да изгубам три килограми, што одеше лесно, но најбитно од се‘ е што не ми се вратија килограмите потоа! Тоа е затоа што тиквата содржи голема количина на растителни влакна, кои брзо го заситуваат организмот и долго време остава пријатното чувство на ситост.
Второ, мојата кожа стана поубава затоа што тиквата го чисти телото од токсините, а нашето лице е огледало на она што се случува во организмот.
Трето, варењето на храната ми се подобри и столицата ми се нормализира.
Ми се чини дека тиквата беше таа што влијаеше на овие позитивни промени, бидејќи овие проблеми честопати ме мачеа порано.
По овој експеримент, решив да ја спроведам оваа тринеделна „диета“ секоја зима“, открива русинката.
Можеби ќе ве интересира:
РЕЦЕПТ ЗА СУПЕР САЛАТА: Намалете 2 кг за два дена!
За детоксикација на организмот: Ѓумбир и лимон за чистење на дебелото црево