Кратка венчаница, километарски вел со навезена Богородица и расплакана невеста: Како некој да ја натерал да се омажи

Добивај вести на Viber

Се омажи Кортни Кардашијан на третата и официјална церемонија во Италија за тапанарот Тревис Баркер

Зарем Кортни не треба да биде среќна, насмеана и задоволна? Што се случи со постарата сестра Кардашијан?

Кортни Кардашиан и Тревис Баркер во неделата вечерта по трет пат разменија свадбени завети на романтична церемонија во италијанското одморалиште Портофино. Откако најстарата сестра Кардашијан во саботата го шокираше светот со малку темно, бизарно издание за гала вечерата пред свадбата, сега направи далеку поубав и поелегантен избор.


Кортни до олтарот ја придружувала нејзината мајка Крис Џенер, а на церемонијата пристигнала со песна, односно католичката молитва „Аве Марија“.


Познатата 43-годишна даманосешеултра кратка бела венчаница на Долче и Габана изработена од комбинација на тантела и сатен, која всушност беше во форма на корсет што ја истакна и затегна фигурата на Кортни.


Она што беше најизразено на ова издание беше неверојатно долгиот вел на кој беше извезена фигурата на Богородица, како и цветни мотиви.

Кортни го комплетираше изгледот со проѕирни ракавици, бели салонки и дискретни, дијамантски обетки, а носеше едноставен бидермаер од црвени и бели рози.


Фото: Инстаграм - Кортни Кардашијан

Рече и трет пат „ДА“: Кортни Кардашијан на церемонијата во Портофино изненади во венчаница со верски мотив (ФОТО)